06 Мај, 2024
0.0584

Левица: Да се стави крај на дворските игри, пратениците се на потег

Објавено во: Македонија 01 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Левица смета дека претседателот Иванов излегол од уставните надлежности, но сега пратениците имаат можност да го конституираат Собранието бидејќи тие се на потег.

- Согласно член 90 од Уставот, претседателот на РМ го доделува мандатот на кандидат на партија, односно партиите што имаат мнозинство, но во рок од десет дена ПО КОНСТИТУИРАЊЕТО на Собранието. Конституирањето на Собранието согласно Деловникот на Собранието завршува со избор на претседател и потпретседатели на Собранието. За избор на претседател и потпретседатели е потребно мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, исто колку што треба и за избор на Влада. На тој начин претседателот ќе знае кој има мнозинство и кому да го довери мандатот.

Претседателот не само што го довери мандатот пред да се конституира Собранието,туку прво почна да измислува некои нови правила со потписи, па потоа проблеми со рокови и слични работи. Од друга страна, пратениците се должни да го конституираат Собранието. За тоа да се случи пратениците треба само да го почитуваат Деловникот и да си ја завршат обврската, која произлегува од истиот и за која беа изгласани. Тие од една страна упорно не си ја завршуваат работата, а од друга страна пратеничките плати веќе ја чинат државата над 20 милиони денари (300 илјади евра)

Затоа #Левица ги повикува пратениците да ги испочитуваат Уставот и Деловникот и да го конституираат Собранието(тие се на потег), а претседателот потоа да го предаде мандатот, овојпат согласно Уставот, и со тоа да се стави крај на овие тактизирања и дворски игри, сметаат од Левица.

Можеби ќе ве интересира

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„ДВЕ ЛИЦА БЛИСКИ И ПОД КОМАНДА НА КИЧЕЕЦ МИ СЕ ЗАКАНУВААТ“ - Боки 13 вели дека нема да молчи и се ќе каже на второто гостување кај Лазаров

„ДВЕ ЛИЦА БЛИСКИ И ПОД КОМАНДА НА КИЧЕЕЦ МИ СЕ ЗАКАНУВААТ“ - Боки 13 вели дека нема да молчи и се ќе каже на второто гостување кај Лазаров

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово