18 Мај, 2024
0.0298

Левица организира 150 километарски марш во чест на Гоце Делчев

Објавено во: Македонија 02 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Политичката партија Левица организира 150 километарски марш во чест на националниот херој Гоце Делчев. Со овој марш сакаат да го одбележат навршувањето на 120 години од смртта на Делчев. 

Тим составен од високи претставници од Централниот комитет на Левица, утрово тргна од Гевгелија на тридневен марш кон вечното почивалиште на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев и членови на Секторот спорт, синоќа го посетија тимот кој беше во последни подготовки во седиштето на огранокот Левица - Гевгелија, каде на средба со тимот им посакаа успех на маршот кој е во должина од повеќе од 150 км. Тимот е предводен од советникот Саше Јанчев, кој по трети пат го води маршот, а оваа година појачување се и Реџеп Исмаил - Хактан, Александар Симонов и Амар Мециновиќ. Делницата е на потегот од Гевгелија - Демир Капија - Велес - Скопје до гробот на Гоце Делчев во Св. Спас, а попатно ќе им се приклучат и други членови од локалните ограноци на Левица низ Македонија. Тимот се очекува да пристигне во Скопје во проширен состав на денот на одбележување на 120 годишнината од смртта на Делчев, на 4. мај, каде ќе бидат пречекани и заедно ќе се поклониме пред вечното почивалиште на македонскиот херој, учител и револуционер, Гоце Делчев“, информираат од Левица. 

На 4-ти мај треба да бидат во Скопје. Инаку, соседна Бугарија веќе соопшти дека нема да има заедничко чествување на Делчев. Оттаму рекоа дека не можат да спречат ако поединци се упатат кон Скопје, но потсетија на инцидентот кој се случи на граничниот премин Деве Баир на 4 февруари годинава кога се одбележува раѓањето на Делчев. Тогаш неколку бугарски државјани влегоа во конфликт со полицијата, по што завршија во станица, добија парични казни и забрана за влез во земјава во рок од 3 години. 

Можеби ќе ве интересира

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци