19 Мај, 2024
0.0294

ЛЕВИЦА ПОЈАСНУВА, САМО ВО БОСНА ИМА ПОВЕЌЕЈАЗИЧНИ УНИФОРМИ, ПРИМЕР ЗА НЕФУНКЦИОНАЛНА ДРЖАВА: „Двојазичните униформи противуставно се воведуваат“

Објавено во: Македонија 28 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Правниот тим на Левица смета дека воведувањето на двојазичните униформи во полицијата е протиуставно и остро реагира на фактот дека Уставниот суд ја игнорира инцијативата поднесена од Левица уште во ноември, минатата година.

-Груби се пофали со двојазичните амблеми за полицијата, кои се воведуваат противуставно со уредба на Влада!!! И покрај тоа што на 24 ноември минатата година, Левица поднесе Иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со која Владата на Република Македонија воведува двојазичност на униформите на полицијата, Уставниот суд ја игнорира истата и не постапува по неа. Истовремено со Иницијативата, Левица бараше изрекување на времена мерка, но Уставниот суд повторно не постапува и по ова барање, па така оваа скандалозна Уредба на Владата влезе ВО СИЛА! Левица во неколку наврати алармираше дека овој подзаконски акт донесен од Владата е во директна спротивност со Уставот, Законот за полиција, Законот за внатрешните работи и Правилникот за носењето, времето на траење и распределбата на униформата и ознаките на униформата на полицијата. Левица будно ја следи секоја повреда на законите и Уставот на РМ во насока на зачувување на темелните вредности за што постојано поднесува Иницијативи, кривични пријави и останати правни инструменти. Но, покрај инертноста на надлежните институции, Левица останува доследна во борбата , притоа повикувајќи ги надлежните институции, обвинителства и судови да се охрабрат и да одлучуваат согласно Уставот и законите, а не според партиски наредби и лични интереси, стои во објавата на Правниот тим на Левица!


Истовремено реагира и лидерот, Димитар Апасиев, кој појаснува дека најголем број од државите во светот користат само еден официјален јазик на униформите. Како лош пример на држава каде има повеќе јазични униформи ја посочува Босна нагласувајќи дека станува збор за нефункционална западнобалканска држава.

-Компаративно-правната анализа заклучува дека најголемата група европски и светски држави користат исклучиво САМО ЕДЕН ОФИЦИЈАЛЕН ЈАЗИК на полициските и воените униформи (пр. Албанија, Естонија, Латвија, Литванија, Португалија, Полска, Романија, Словенија, Хрватска, Франција, Шпанија и Шведска).  Во помал број земји, покрај официјалниот државен јазик се користи и АНГЛИСКИОТ, како светски lingua franca во нашево совремие (пр. Ерменија, Грузија, Грција, Унгарија и Црна Гора). Речиси единствен пример на повеќејазични униформи во разни делови се среќава само во Босна и Херцеговина – како пример на нефункционална западнобалканска федеративна држава! Венецијанската комисија, во своето мислење наведува: „Што се однесува, пак, до службените униформи, ретко е да се најде повеќе од еден јазик на нив (без разлика дали е тоа униформи на полицијата, војската, пожарникарите или здравствените работници)“!

p.s. Целата содржина на Иницијативата на Левица против илегалните двојазични униформи можете да ја прочитате на линкот во коментар...


Можеби ќе ве интересира

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево