Левица со долги говори, но и гасење на микрофони ќе го блокира Собранието ако е потребно
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2022
Левица се закани дека ќе гаси микрофони во Собранието доколку е потребно.
„Ако треба, ќе блокираме со филибастеринг, долги говори, со илјадници амандмани и, ако треба да се скандализира Собранието, подготвени сме и физички да ги спречуваме пратениците да говорат преку гаснење на микрофоните“, вели за „Слободен печат“ Јована Мојсоска, член на президиумот на Левица.
Соработнискиот претседател Талат Џафери им ја врати иницијативата на доработка и сега имаат рок од 15 дена да ја прилагодат. Иницијативата за референдумот е за францускиот предлог. Претходно, ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива за референдум, но и таа беше одбиена.
фото МИА