16 Мај, 2024
0.0270

ЛЕВИЦА: Уставниот суд ги врати работниците во 19-ти век

Објавено во: Економија 04 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Уставниот суд вчера одлучи да не поведува постапка за иницијативата поднесена од Левица, со која ги оспоруваат законските одредби за работниците да работат повеќе од 72 часа неделно, велат од партијата. 

Ваквата скандалозна одлука е, како што велат, единствено, во корист на контроверзниот конзорциум ,Бехтел и Енка, со што Македонија, де факто, станува колонија на странскиот капитал.

Потсетуваат дека Левица е единствена партија, која го оспори овој закон пред Уставен суд, со што се потврди фактот дека сите други партии се во служба на домашните и странските моќници.

„Како работничка партија сметаме дека е недозволиво, нехумано и крајно експлоататорски, работната недела на работниците наместо 40 часа, да трае 72 часа и ваквата одлука на Уставниот суд е крајно регресивна, со оглед на тоа дека 8-часовното работно време е цивилизациска придобивка, стекната преку макотрпната борба на работниците низ историјата. Бруталниот капитализам, преку корумпираните функционери, задава уште еден удар на најранливите и најнезаштитените во општеството – работниците. Империјалистичките сили преку своите компании го исцедуваат од сиромашните држави и последниот денар што може да го добијат, без да се грижат за здравјето или благосостојбата на луѓето. За ваквата скандалозна одлука гласала претседателката Добрила Кацарска, заедно со следниве уставни судии: Насер Ајдари, Осман Кадриу, Фатмир Скендер, Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Ана Павловска-Даева““, реагира Левица. 

Според Левица, Уставниот суд наместо да ги штити правата и слободите на граѓаните, коишто се загарантирани со Уставот и законите, се стави на страната на капиталот и мафијашките анти-државни политики на ДУИ и СДС.

Можеби ќе ве интересира

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД