19 Мај, 2024
0.0266

Левица: Вишиот управен суд ја уважи жалбата на „Еуромакс“, го враќа во живот рудникот на смртта

Објавено во: Македонија 24 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Повторно се создава можност за продолжување на работата на рудникот Иловица за кој граѓанските здруженија со жив штит се бореа против неговото отворање. 

Како што јавува политичката партија „Левица“, Вишиот Управен суд ја уважи жалбата на компанијата „Еуромакс“ за рудникот Иловица и повторно ја врати на почеток постапката за добивање концесија.

На нивниот фејсбук статус, „Левица“ пишува „Со ваквата одлука, судот повторно го враќа во живот популарниот рудник на смртта“.

- Со последната одлука на Вишиот Управен Суд се покажа на дело спрегата помеѓу политичките и бизнис елити блиски на ДУИ и Вишиот Управен Суд. Судиите кои ја донесоа оваа контроверзна одлука се: Субхи Јакупи, избран 2018 година, од Гостивар, претседател на Советот; Дијана Димитрова, избрана 2011 година и Емрије Зубери Амити, избрана 2016 година.

Жителите на Општинатa Босилово, кои во повеќе наврати се имаат изјаснето дека се против овој рудник на смртта, се вознемирени и најавија масовен, радикален и жесток отпор, со кој ќе се спротистават на можноста за повторно отворање на рудникот.

Отворањето на овој рудник ќе донесе несогледливи последици по животната средина и масовно и трајно иселување на жителите од блиските села - пишува „Левица“.


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“