19 Мај, 2024
0.7746

Левица: За изградба на коридорите дополнителни 300 милиони евра

Објавено во: Македонија 07 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Измени и на Законот за експропријација се планираат, како што објави партијата „Левица“. Тие укажуваат дека измените се поврзани исто така со изградбата на коридорите 8 и 10Д, кои треба да ги гради компанијата „Бехтел и Енка“. 

Според Левица, овие коридори треба да се градат на над 50 отсто приватно земјиште, што би ја зголемило изградбата за дополнителни 300 милиони евра 

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација е само еден од пакетот закони кои власта сака по секоја цена да ги донесе во понеделник на 112-та собраниска седница по скратена постапка. Овие предлог закони се поврзани со коридорите 8 и 10 Д и се во функција на незаконското работење на власта предводена од ДУИ,..

Со предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација нема да се надминат проблемите со имотно-правните прашања поврзани со реализацијата на Коридор 8 и Коридор 10 Д, ниту ќе се олесни процесот на експропријација за да се овозможи поефикасна примена на Законот за експропријација за градби кои се од стратешки интерес. 

Повеќе од 50 отсто од земјиштето е во приватна сопственост, а власта без да направи претходна студија ќе заглави со вештачења и судски процеси, со што ќе ги ПРОЛОНГИРА роковите и ќе ја зголеми цената на чинење на проектите - пишува „Левица“ во својата објава.


Дополнуваат дека „Непрофесионалното работење на власта доаѓа до израз и со проектите за изградба на овие делници, за кои на почетокот беа најавени 500 - 800 милиони евра, за да достигнат 1,3 милијарди евра, меѓутоа над договорениот износ кој сигурно нема да биде конечен, потребни се најмалку 300 милиони евра за експропријација и многу други скриени трошоци“.

- Имајќи предвид дека засега има само иницијален проект и допрва треба да се изработи основен проект и проект за изведба, дури тогаш, вклучувајќи ги и трошоците за  експропријација, може да имаме приближна вредност на овие проекти. Буџетот дополнително ќе биде оптоварен ако проектите не се финализираат за 4,5 години, како што се случи и со многу други капитални инвестиции за кои народот плаќа огромни пенали, камати и провизии.

Овој предлог закон, како дел од пакетот закони со кои би се обезбедило низа привилегии за американско-турскиот конзорзиум „Бехтел и Енка”, e спротивен на јавниот интерес на Републиката и затоа Левица ќе биде против негово донесување - се потенцира во нивната објава на „Фејсбук“.

Фото: Принтскрин/Влада.мк

Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид