26 Април, 2024
0.0255

Либија плаче за Гадафи - Пет години тотален хаос

Објавено во: Анализа 17 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Граѓанските протести кои резултираа со насилна револуција доведоа до ликвидација на долгогодишниот лидер Моамер Гадафи, но Либија пет години по неговата смрт е земја која западна во тотален хаос со постојани борби меѓу различни милитантни организации, а се зголемија и терористичките напади. 

Граѓанската војна во Либија која се водеше за задушување на бунтот не даде трајни решенија, владата за спас на земјата не успеа да ги обедини сите националности и племенски сојузи, а нема решение ниту за се поагресивниот џихадистички тероризам и продорот на Исламска држава. 

Мразам, но мора да признаам дека под режимот на Гадафи живеевме многу поубаво и стабилно, денес имаме огромни редици пред банките, цените се зголемија, струјата поскапе и постојано има рестрикции, не е безбедно на улиците, нема проток на пари, посочи Фајза ал-Најес, 42 годишен жител на Триполи.

Либијците некогаш живееја во голем раскош, со напредни универзитети, секуларност на институциите, доволен степен на слободно и прозападно општество, но целиот развој сега е блокиран. 

Лидерството на Гадафи со сите негови маани, злосторства врз неистомислениците, самоволието и корупцијата се чини дека се бенигни во споредба со сегашната нестабилност. Затоа добар дел од населението жали за Гадафи кој беше ликвидиран без никакво судење.

Автор: Христијан Станоевиќ