06 Мај, 2024
0.0229

Љупчо Николовски: Субвенциите за зелена нафта од 30 на 50 отсто

Објавено во: Агробизнис 01 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, денеска најави дека трошоците за зелена нафта ќе бидеат зголемени од сегашните 30 на 50 отсто во мај доколку владеачката партија победи на парламентарните избори.

Ова беше истакнато на денешната трибина во Струмица под името „Агенда 20-24“, посветена на земјоделството.

Николовски пред присутните посочи дека со оваа мерка досега се опфатени околу 55.000 земјоделци кои имаат намалени трошоци за производство.

Тој додаде дека е одобрен нов грант од Светска банка во виусина од 46 милиони евра за модернизација за земјоделството, со кој ќе меѓудругото ќе се градат три модерни откупно дистрибутивни центри во Скопје, Ресен и во Струмица.