06 Мај, 2024
0.0282

ЛОГА ЈА ЛАЖЕ ЈАВНОСТА: Уставен реагира, од нив не побарал мислење во било која форма за понатамошно постапување со издавање на изводите

Објавено во: Македонија 13 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Уставен суд реагира на наводите кои во јавноста ги изнесе Министерот за правда, Кренар Лога. 

„Имајќи ја предвид својата позиција и независност, Уставниот суд е должен да реагира на невистинитите и неточни тврдења искажани од страна на министерот за правда Кренар Лога.

Согласно уставната положба која на Уставниот суд му обезбедува да се дистанцира од секаков политички авторитет, Судот укажува дека е недозволиво за член на Владата како носител на извршната власт јавно да ги доведува во заблуда граѓаните со изнесување на произволни констатации и невистини во врска со работењето на Уставниот суд.

Имено, во интервју во живо на „ТВ Сител”, насловено како „тема на денот” на ден 12 јули 2023 година 19 часот, господинот Лога сподели невистини и погрешно ја информира јавноста во врска со т.н. Упатство за водење на матичните книги, кои потоа се споделени и преземени од повеќе медиуми.

Неточни се тврдењата на министерот за правда  Кренар Лога дека од  Уставниот суд е побарано мислење во било која форма за понатамошно постапување со издавање на изводите бидејќи нема пристигнато таков допис од ниту од Управата за водење на матични книги, ниту пак од Министертвото за правда. 

Во интерес на зачувување на достоинството и угледот на Судот како единствена институција со такви надлежности, информираме дека Уставниот суд комуницира преку своите акти, но во никој случај не е дел од формалната процедура Судот да врши консултација со било кој учесник во постапката и да советува откако ќе биде донесена одлука. 

Уставниот суд нема надлежност да кажува кои се идните чекори по донесени одлуки, затоа што доносителите на актите имаат обврска да ги решаваат проблемите“, се вели во реакцијата на уставниот суд.

Можеби ќе ве интересира

„ДВЕ ЛИЦА БЛИСКИ И ПОД КОМАНДА НА КИЧЕЕЦ МИ СЕ ЗАКАНУВААТ“ - Боки 13 вели дека нема да молчи и се ќе каже на второто гостување кај Лазаров

„ДВЕ ЛИЦА БЛИСКИ И ПОД КОМАНДА НА КИЧЕЕЦ МИ СЕ ЗАКАНУВААТ“ - Боки 13 вели дека нема да молчи и се ќе каже на второто гостување кај Лазаров

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца