26 Април, 2024
0.0271

Лото сторија: Освои речиси 2 милиони, а сега има само 7 фунти на сметка!

Објавено во: Стил 19 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Oткако доби на лотарија во 2005 година, семејството Грифитс живееше во луксузна куќа. Роџер возеше Порше, одеа на луксузни одмори, а двете деца беа запишани во приватни училишта кои чинеа 10 илјади фунти годишно. Денес, Грифитс има само седум фунти на сметката во банка, пишува „Дејли мејл“и додава дека откако му се распадна и 14-годишниот брак тој се врати во домот на своите родители.

„Имав се, сега немам ништо. Непријатно ми е да признаам, но не бев доволно паметен да ја искористам добивката. Се обидувам да останам на нозе, но останувам без идеи. Да ги немам родителите кои ми помагаат, би бил во огромни проблеми“, вели Роџер.

Тој работел како информатичар, кога на лото освои 1,8 милиони фунти, доволно, само од камати да заработува 340 фунти месечно. Тој и неговата сопруга Лара купиле салон за убавина за да си обезбедат сигурен приход, а со недвижнини и акции имале намера да го удвојат богатството. Живееле во куќа вредна 670.000 фунти, а на одмор оделе во Њујорк, Дубаи и Монако. Купувале сандаци со шампањ и се забавувале со познати личности, како на пример со членовите на бендот Тејк дет.

Но ги погодила финансиската криза во 2007 година. Поради големите загуби се потпреле на парите кои требале да останат заштеда. Заедно со финансиските проблеми, се појавиле проблеми и меѓу нив, па на крајот и се развеле. Сопругата со децата останала во нивниот прв дом во Ветерби, во близина на Лидс, а Роџер се преселил во куќата на родителите и нуди услуги на советник при вработување.

„Кога ќе се сетам на добивката на лото, тоа навистина беше меч со две острици“, вели Роџер.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти