26 Април, 2024
0.0265

Лозарите не се согласуваат да се намали цената за килограм грозје

Објавено во: Агробизнис 22 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Ланските цени за килограм грозје да останат, бараат лозарите кои беа присутни синоќа на средба во општина Кавадарци.

Претседателот на „Агротиквешија”,  Љупчо Аризанов ги запозна присутните за тоа како се одвивале четирите средби со претставници на винариите,  под  медијаторство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Винарите бараат  благо да падне цената на винското грозје. Сакаат да закинат една шеќерна единица или да се симне нејзината вредност. Поединечно за секој од нас тоа не е многу, но гледано во државни рамки, тоа се тешки пари, околу милион и 600 илјади евра. Ние стоиме на ставот да си останат ланските цени и ланските шеќерни единици“ - вели Аризанов.

Обраќајќи им се на лозарите, градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов кажа дека целта им е иста,  да се создаде што е можно поповолен амбиент оваа година, кога е во прашање претстојниот откуп на грозјето. Вели дека во досегашните преговори дел од изнесените предлози околу цените за килограм грозје биле нивни, а свои предлози давале и винарите, како и претставниците на Министерството за земјоделство.

„Директорот на Земјоделскиот инспекторат вети постојано присуство на нивните инспектори на откупните пунктови, додека таму се носи грозје“ - вели тој.

Оваа средба се прави во пресрет на гроздоберот.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади