27 Април, 2024
0.0252

Лозарите со нови проблеми: Итни мерки за откупот на гројзе

Објавено во: Агробизнис 19 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Зоран Ѓорѓиев, претседателот на СДСМ Кавадарци, на денешната прес конференција посочи дека состојбата со откупот на грозјето е алармантна, па бараат итни мерки како фирмирање на кризен штаб кој ќе ги принуди земјоделските власти веднаш да се ангажираат за решавање на овој голем проблем.

„Бараме Советот на општина Кавадарци да свика итна седница за алармантната состојба со откупот на грозје! Бараме да се формира веднаш Кризен штаб што ќе инсистира Владата и надлежните инститиуции да прекинат да се оградуваат и директно да се вклучат во решавањето на проблемот.Грозјето скапува! Откуп нема“ посочи Ѓорѓиев.

Лозарите се во тешка состојба и нивната егзистенција е загрозена бидејќи им доцнат парите од пред година-две, а сега не можат да го продадат грозјето и да ги покријат своите трошоци. Од СДСМ исто така обвинија за селективен откуп што е недозволиво. Претходно од Струмица СДСМ вети дека ќе го гарантира откупот на земјоделските производи.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади