17 Мај, 2024
0.0274

Лукаревска: Фирмите ќе ја вратат државната помош ако остварат добивка

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Фирмите кои ќе добијат државна помош за исплата на плати од 14.500 до 21.776 денари за своите вработени ќе треба да ја вратат на три рати доколку до крајот на годината остварат, како што вели директорката на УЈП, Сања Лукаревска, ссоодветна добивкја и исплатата дивиденда.

- Овие критериуми се направени со со економскиот тим на Владата и со Светска банка, наведе Лукаревска во утринското гостување на „Слободна ТВ“.

Таа посочи дека од моментот на давањето на платите, работодавачите веднаш треба да ги исплатат. за конкретниот месец, 

- Штом ги добијат парите, треба да го направат трансферот за конкртетниот месец. Ќе има контроли заедно со Државниот пазарен инспекторат, а ќе се реагира и на пријавување од самите вработени дека не им е исплатена државна помош, наведе Лукаревска.

Директорката на УЈП пчекува аплицирањето на фирмите да започне од уѕтре, односно веднаш што биде објавено законското решение во Службен весник.

- Од објавувањето на барањето, од правилникот што ќе се објави со Службен весник, тие ќе може на платформата да аплицираат, вели Лукаревска.

Таа додава дека поради коронавирусот ќе бидат отворени повеќе телефонски линии и очекува дека ќе се пријават околу 20.000 даночни обврзници, колку што биле и минатиот циклус. Лукаревска ги предупреди компаниите дека за злоупотребите следува кривична одговорност со внесувањето лажни податоци.

- За секое лажирање на податоците во тоа барање постои кривична одговорност, тоа потоа ќе излезе на виделина со даночните биланси и завршните сметки, рече Лукаревска.

Предупреди дека се одговара кривично и доколку на работниците им се исплатат помалку пари за плати од вкупната добиена државна помош.


- Минатиот пат само што ги објавивме со податоци за злоупотребите, веднаш дел од компаниите ја исплатија платата. Тоа се 
340 компании за кои има посебен предмет до ОЈО. И овој пат генералниот секретаријат на Владата целиот список ќе биде доследен до ОЈО, изјави Лукаревска.

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија