26 Април, 2024
0.0283

Луксуз за народот: Кој е Сваровски!?

Објавено во: Стил 03 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Пред две децении, брендот Сваровски бил познат и по колекционерските фигури и фустан со 10.000 кристали во кој Мерлин Монро во 1962 година ја пеела роденденската песна на претседателот на САД Џон Кенеди, пишува „Слободна Босна“.

Денес пак, Сваровски е водечки светски производител на брусени кристали и има 2.200 продавници во светот, а нивните кристали ги красат и креации со потпис на Армани. Зелен брег во облик на глава со очи од кристал и водопад кој излегува од уста е чувар на капијата на музејот Сваровски во австриското градче Ватенс. Зад него се сместени 14 подземни комори за обработка на кристал, меѓу кои е и најголемиот на светот.

Музејот, како што истакнува агенцијата Блумберг е вистински израз на историската борба на таа компанија меѓу желбата да работи во тајност и потребата за публицитет. Даниел Сваровски ја основал фирмата во алпскиот град од околу 8.000 жители, за да ја сокрие својата техника на брусење од конкуренцијата. Еден век подоцна, неговиот внук Гемот Сваровски стана милијардер правејќи сензационален продор на полето на малопродажбата и со влезот во светот на високата мода. „Успеале да се пробијат на пазарот на луксузни производи, но и истовремено да останат на пазарот предмети кои може секој да си ги дозволи“, вели за Блумберг Рајнхард Бергер, претседател на инвестициската компанија од Лихтенштајн Валуга, која секоја година објавува извештај за богатството во Австрија, Германија и Швајцарија. Тој истакнува дека токму тој луксуз за масите е клуч за успехот на брендот Сваровски кој во 2011 година оствари профит од 2,87 милијарди евра, додека во 2009 година профитот бил 2,25 милијарди. Речиси 80 отсто се остварени со продажба на кристали, а половина од таа продажба доаѓа од партнерствата со модните креатори. Другата половина е од малопродажбата, дејност која постојано се шири од кога во 1998 година бил отворен првиот бутик Сваровски. Во компанијата има дури 100 членови на семејството Сваровски, а најголем удел има Гемот (69) кој држи 21 отсто и вреди 1,3 милијарди долари, според индексот на милијардери на Блумберг. Дневното работење денес го води неговиот син, но познавачите на приликите се согласуваат дека токму Гемот Сваровски е стратешки лидер на кланот. Освен семејниот бизнис со кристали, тој исто така поседува лозја во Кина и Аргентина, како и хотел во Канада. Компанијата нагло почнала да се шири од 1999 година, отварајќи малопродажни објекти и основајќи партнерство со брендови во модната индустрија, како што се познатите креатори Жан Пол Готје и Александар Меквин, на кои обезбедиле бесплатни кристали за промоција.

Спонзорирањето на доделбата на наградите и приемите, како и внесување на производи во филмовите на Џејмс Бонд, го исфрли Сваровски во елитата на најпознатите луксузни брендови.

Според податоците од интернет сајтот на компанијата, организацијата Сваровски за колекционерите е најголема таква компанија во светот и брои 325.000 членови во над 125 земји

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти