17 Мај, 2024
0.0265

МАДУРО ДО СВОЈОТ НАРОД: Никогаш нема да се откажам од обврските кон мојата татковина

Објавено во: Свет 25 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Јас никогаш нема да се откажам од обврските кон мојата татковина, никогаш нема да го направам тоа, изјави претседателот на Венецуела, Николас Мадуро синоќа во обраќање до нацијата.

Мадуро себе си се прогласи за уставен претседател и го нарече шефот на опозицијата – марионета на САД.

Покрај тоа, тој ги прекина сите дипломатските односи со Вашингтон и побара од американските дипломати да ја напуштат земјата во рок од 72 часа.

Тој во своето обраќање нагласи дека одлучил да ги затвори амбасадите и конзулатите во САД, и додаде дека се согласува со ставот на Мексико и Уругвај дека е потребен дијалог.

Во главниот град Каракас во средата започнаа масовни протести против претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. Еден ден потоа претседателот на парламентот Хуан Гуаидо се прогласи за привремен шеф на државата, додека трае мандатот на привремената влада.

САД и голем број други земји го признаа Гуаидо за привремен претседател и побараа претседателот на Венецуела, Мадуро, чии избори се сметаат за нелегитимни, да не дозволи насилна акција против опозицијата.

Британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант изјави дека Николас Мадуро не е легитимен претседател на Венецуела.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека „Европа го поддржува враќањето на демократијата" во Венецуела, велејќи дека изборот на Николас Мадуро во 2018 година е "нелегален" и не го признава Хуан Гуидо како претседател.

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор со Мадуро, му ја пренел поддршката. Тој му рекол на Мадуро дека до решение на кризата ќе дојде само преку мирен дијалог.

Папата Франциско внимателно ја следи состојбата во Венецуела и Ватикан и ќе ги поддржи сите напори кои ќе стават крај на страдањата на народот во таа земја, соопшти денеска Ватикан. 

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра