Мадуро преживеа обид за атентат со дронови
Објавено во: Свет 05 Август, 2018
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро преживеа обид за атентат со дронови за време на негово обраќање на воен собир во Каракас, кога експлодирале два дрона што носеле експлозив. Во нападот повредени се 7 војници.
Мадуро изјави дека го преживеал нападот „благодарение на Бога, народот и армијата“ и ја обвини Колумбија и американската држава Флорида, каде живеат голем број жители од Венецуела во егзил за „десничарскиот заговор да го убијат“.
Тој во телевизиско обраќање неколку часа по нападот изјави дека неколку организатори се уапсени, а одговорност за нападот презеде малку познатата група „Национално движење на војници“.