07 Мај, 2024
0.0233

Мајка Тереза во септември ќе биде прогласена за светица

Објавено во: Стил 18 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Папата Фрањо потпишал одлука за признавање на чудото кое и се препишува на Мајка Тереза, а кое е потребно да биде прогласена за светица, соопштува Ватикан.

Како што објави „Авенире“, официјалниот весник на италијанската католичка бискупска конференција на својата Интерент страница , папата вчера после пладне ја потврдил својата одлука.

Италијанските медиуми шпекулираат дека канонизацијата на Мајка Терза ќе биде извршена во првата недела од семптември.

Мајка Тереза, која починала во 1997 во 87 година ја беатификувал во 2003 година покојниот папа Јован Павле Втори.

Беатификацијата , за која е потребно признание на едно чудо,  е последен чекор пред прогласување за светица.

„Авенире“ наведува дека второто чудо кое и се препишува на Мајка Тереза, а е потребно за канонизација, вклучува необјасниво оздравување на човек кој страдал од смртоносна болест на мозокот.

Мајка Тереза е родена во Македонија во 1910 година. Го основала здружението Мисионерско милосрдие како би им помогнала на најсиромашните на улиците на индискиот град Калкута.

Нобелова награда за мир добила во 1979 година.