28 Април, 2024
0.0283

Македонија е втора по најнеобработена земјоделска површина во Европа

Објавено во: Агробизнис, Колумни 24 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

                             

Обработливата површина е дел од земјоделската површина и претставува дел на кој се одвива интензивниот дел на земјоделското производство.  Денес, односно во 2016 година, обработливата површина зафаќа само 40,73% од земјоделската површина (1,267 милиони ха земјоделски површини и 0,516 милиони ха обработлива површина.) Изразена по жител, обработливата површина во Македонија изнесува само 0,24 ха (сметано на 2,1 милиони жители) и е на второ место по  маломерност на обработливата површина по жител во Европа.

Таб.1  Движење на структурата на обработливата површина

   во 000 ха

Показател

1991

средно

2002-2006

средно

2006-2010

средно

2011-2015

2016

1991=100

  2016

Обработлива површина

664

557,8

521,2

510,2

516,0

77,7

Ораници и бавчи

552

460,2

425,8

413,4

417,0

75,5

Овошни градини

23

14,6

13,6

15,2

16,0

69,6

Лозја

35

26,4

22,4

22,4

24,0

60,6

Ливади

54

56,6

59,4

59,2

59,0

109,3

Загрижува фактот што во изминатите 27 години од осамостојувањето до денес перманентно се намалува обработливата површина и сега изнесува само 77,7 % од површината од 1991 година, кога сметаме дека македонското земјоделство било стабилно и високо консолидирано за тоа време.  Како што се гледа (Таб.1) сите делови од обработливите површини каде може да да се организира интензивно земјоделство исто така опаѓа во однос на 1991 година, па денес лозјата се намалени на 60,6%, а овоштарството на 69,6%. Обемот на обработливата површина покажува дека, македонското земјоделство мора да развива високопродуктивно производство од интензивни систени – градинарство,овоштарство,лозарството, индустриските култури и висок степен на корени на пасиштата ако сака да ја задоволи домашната побарувачка и повисок процент на увоз од досегашниот.

Анализата на структурата на сеидбените површини која се однесува на дел од обработливите површини како и кај структурата на обработливите површини кај сите групи култури, како и вкупните засеани површини опаднати во споредба со 1991 година со перманентно опаѓање.

Како што се гледа (таб.2), вкупните посеани површини се помали денес во споредба со 1991 година, за 27,5%. Од ораници и бавчи од 522 илјади ха во 1991 година, 163 илјади ха биле угари и необработени, односно тие во период од 2002 година до 2016 година се намалувани па разликата помеѓу 1991 година и 2016 изнесува 28 илјади ха помалку.Меѓутоа, угарите  и необработените ораници имаат релативно повисоко учество во однос на посеаните површини (41,9% и 47,9%). Најголемо опаѓање (41,5%) имаат кај индустриските култури (инаку македонското подрачје се смета доста погодно за индустриски култури). Најмногу опаднале засеаните површини (по индустриските) ,градинарските, а фуражните во 2016 година биле посеани  на 8,3% поголема површина. Согласно условите во Македонија има оправдани причини, на сметка на житата  да се зголемуваат сеидбените површини под индустриски и градинарски култури.

Таб.2  Движење на структурата на сеидбени површини

   во 000 ха

Показател

1991

Средно

2002-2006

Средно

2006-2010

Средно

2010-2015

2016

1991=100

2016

Засеани површини вкупно

389

311,2

289,2

278,2

282,0

72,5

Од тоа

жита

237

195,4

179,4

163,8

168,0

70,9

Од тоа

индустриски

53

27,2

23,8

26,0

22,0

41,5

Од тоа

градинарски

61

52,6

51,0

51,8

52,0

85,2

Од тоа

фуражни

36

35,0

35,0

36,0

39,0

108,3

Од тоа

расадници

2

1,0

1,0

1,0

1,0

50,0

Угари и необра. ораници

163,0

149,0

135,6

135,4

135,0

82,8

Проф.Д-р. Борис Анакиев 

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади