МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела
Објавено во: Македонија 24 Април, 2024
Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела против изборите и гласањето како и други изборни нерегуларности денеска континуирано го следи текот на изборниот процес во првиот круг од изборите за Претседател на Република Северна Македонија, соопштија од Обвинителството.
Јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Комисијата, ќе информира за досегашните информации сумирани од јавните обвинителства низ државата во 13 часот.
Македонските граѓани ќе гласаат до 19 часот.