26 Април, 2024
0.0283

Македонија и Бугарија се новите најдобри пријатели

Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Владите на Македонија и Бугарија откако потпишаа договор за пријателство прават напори да докажат дека може да соработуваат на конкретни и опипливи проекти наместо да остане се на декларативни заложби или како што велат политичарите „мртво слово на хартија“. Поголем интензитет на соработка се очекува откако ќе се одржи првата заедничка седница на двете влади кои демонстрираат ново пријателство во регионот и досегашна голема поддршка на меѓународен план. 

„Владите на Република Македонија и на Република Бугарија на првата заедничка седница започнуваат со работа на конкретни проекти за соработка. На седницата која ќе се одржи на 23 – ти ноември во Струмица, двата кабинета ќе ги разгледаат можностите за активирање на односите меѓу министерствата за надворешни работи, интеракцијата и меѓусебната помош при катастрофи, поддршка во обуката и подготовка на војниците од вооружените сили на Република Македонија, соработката во областа на телекомуникациите, инвестициите и енергетиката. Врз основа на постигнатите спогодби и во согласност со Договорот за пријателство, соработка и добрососедство ќе бидат потпишани билатерални документи. Напредокот во добрососедските односи меѓу Република Бугарија и Република Македонија ќе биде одбележан со усвојување на заедничка декларација“ велат од Владата на РМ.

Напредокот на меѓусебните односи и подготвеноста проблемите од минатото да бидат ставени зад двете држави наиде на критики на македонската опозиција која смета дека договорот е на штета на македонската држава која направила големи отстапки, особено во делот на историјата. 

Договорот во Бугарија беше дочекан речиси еуфорично, а не изостанаа и традиционалните провокации на политичарите кои се уште водат националистичка реторика, но севкупно заложбите на премиерот Борисов укажуваат дека Македонија ќе добие голема поддршка во евроинтегративните процеси.

Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите