26 Април, 2024
0.0328

МАКЕДОНИЈА И ЕУ: Грчко сиртаки, бугарско оро и европски рок енд рол!

Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Македонија доби патоказ – се враќа на патот кон евроатлантските интеграции. Она што требаше да биде сработено  изминатите години сега е домашна задача која треба да се заврши во месеците што доаѓаат. Големи очекувања за Македонија донесе еврокомeсарот Јоханес Хан, но тоа значи и големи предизвици за Владата во спроведување на итни и длабоки реформи.

Судство и департизација – проритети ... 

Ден по посетата на еврокомесарот Јоханес Хан, а паралелно со доаѓањето на европски експерти предводени од експертот Рајнхард Прибе, дел од експертите оценуваат дека процесот за деблокада на евроатланските интеграции може да се смета дека е започнат, но и дека ова се “петте минути“ за Македонија и нејзината европска иднина. Се ќе зависи од политичката воља, истрајност и одлучност на владеачката структура да ги истурка реформите кои ќе бидат зацртани во Акцискиот план за реформи, коментираат аналитичарите.

Оваа Влада покажа дека сака да ги деблокира евроатланските интеграции – сега се чеката конкретни потези, вели за Фактор еден од поранешните амбасадори на Македонија, Нано Ружин.

“Владата, односно премиерот Заев, влезе бескомпромисно во реформските императиви што му ги наметна ЕУ преку експертското мислење на Прибе и ЕК Хан и одма ги засука ракавите во најчуствителните домени, онаму каде падна на испит неговиот претходник Груевски: владеење на правото, слобода на медиумите, битка против организираниот криминал, меѓуетнички односи и добрососедство. Доби директни комплименти за отварањето кон соседите и разбирливи се и ветувањата и очекувањата идната 2018 да биде година на големото придвижување на век р ѓосаната локомотива која конечно застана на директниот колосек кон Брисел. Не ја свитка кичмата но покажа дарба за новата soft-power македонска дипломатија - дипломатија на меко убедување. Некаде ќе се оди чекор назад и два чекори напред, негде ке се прават и компромиси и не секогаш ке се излегува како победник“ вели поранешниот амбасадор Ружин.

Смета дека сега “Македонската работилница“ на реформите е пред голем испит. “Ќе биде потребна голема поддршка и синергија со опозицијата, интелектуалците, медиумите. Не смее да се изгуби интензитетот дури и по цена некои наши внатрешни фрустрации и реваншизми не бидат реализирани. Битно е машиновоџата да го придвижи големиот натоварен и спор патнички воз кон евро-атланските интеграции, останатото е техника“ - вели Ружин.

Судството, медиумите, државните институции и регулаторните тела се сегментите во кои треба да се испорачаат реформи. Сите тие ќе бидат дел од Акцискиот план, кој според најавите треба да биде готов до 1 ви јули. Што се ќе содржи – не се открива, но се смета дека тој ќе биде патоказ кој треба да води кон отстранување на условената препорака за Македонија.

“Направивме краткорочен, среднорочен и долгорочен план со цел да ја отстраниме блокадата, а веќе следната година да почнеме преговори со ЕУ. Ние овој процес ќе го водиме инклузивно. Ја повикуваме опозицијата да се вклучи во реформскиот процес, да дејствуваме заеднички и да ја искористиме подрршката што ни ја дава ЕК“ - изјави премиерот Зоран Заев.

Дали европскиот интерес ќе ги обедини партиите?

Се што ќе биде ставено на хартија – како реформа која мора да се реализира, треба да добие широка поддршка во земјата, порача еврокомесарот Хан. 

“Да се сконцентрирате и да се сконцентрираме  на задачите што претстојат, сите одговорни актери тука и опозиција и судство да работат на создавање модерно општество, држава  што ќе работи за интерес на сите граѓани. Се надевам дека ќе имаме дебата што ќе се води во рамите на Собранието.  Ја поздравувам подготвеноста на Владата да работи заедно со опозицијата за евроатланските интеграции , потребен е национален консензус и тоа да се постигне во рамките на Собранието“ – порача Хан. 

Оствари средби со лидерите на полтичките партии. Од најголемата опозициска партија, Вмро-Дпмне порачаа дека ќе поддржат реформи што ќе бидат во интерес на граѓаните. 

“Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски истакнал дека активностите кои се однесуваат на интеграциските процеси треба да се исполнат и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи сите реформи за кои ќе цени дека се од интерес за граѓаните. Тој посочил дека главна цел на Владата на СДСМ не треба да биде само добивање на позитивен извештај, какви Македонија имаше пред политичката криза, туку позитивна препорака за почеток на преговори за членство во Европската Унија“ – се наведува во писменото соопштение на партијата. 

Европскиот дипломат, меѓу другите, се сретна и со претседателот на ДУИ Али Ахмети. 

„Беше многу важна средба со комесарот Хан. Зборувавме за сите теми кои се однесуваат на интеграциските процеси, реформите во судството, соработката со опозицијата. Му ветив на Хан дека ние ќе направиме максимални напори за да ги достигнеме конкретните чекори за да бидеме што поблиску до случувањата  и реализациите на сите прашања кои не приближуваат со Европа.“ – изјави Али Ахмети, ДУИ

Посетата на еврокомесарот се случува во период кога претставници на Владата остварија средби на високо ниво в Атина и Софија.  

“За нецел месец,  Зоран Заев покажа дека еднакво добро се снаоѓа како на внатрешен така и на надворешен план. Со Атина го одигра грчкото сиртаки, со Софија, бугарското оро, со Брисел покажа дека умее да игра и рок-ен-рол“ – вели поранешниот амбасадор, професорот Нано Ружин. 

Денеска во Македонија пристигнува германскиот експерт Рајнхард Прибе задно со експертски тим, со што започнува процсот на дефинирање на моделите за спроведување на реформите од Акцискиот план. 

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот