МАКЕДОНИЈА ИМА ВЛАДА: Заев избран за нов премиер
Објавено во: Македонија 31 Мај, 2017
И официјално мандатарот Зоран Заев ја доби поддршката на мнозинството пратениците.
Со 62 гласа „ЗА“ Зоран Заев е изгласан за нов премиер на Македонија . „Против“ гласаа 44 пратеници а воздржани 5.
На последниот говор пред да биде избран за премиер, Заев од говорницата како мандатар побара поддршка од мнозинството и од опозицијата да ги гласаат и одобруваат мерките кои ќе бидат во интерес на граѓаните и заедно да работат за доброто на државата.
Речиси повеќе од 20 минути Заев им даваше еден вид на отчет на пратениците, им појаснуваше дел од избрната програма и мерки кои ќе ги носи таа.
Заев рече дека тоа што не чини во државата а го направила или почнала поранешната влада на Никола Груевски ќе го промени, а она што е добро ќе биде продолжено, посочувајќи ги автопатите и проекти кои се значајни.
На крајот на говорот Заев порача никогаш повеќе да не се повтори 27 април.
„Јас и новиот владин состав, имаме цел и намера да работиме заедно, и на обединување а не на разединување“, истакна мандатарот Заев и побара поддршка за доверба за состав на нова влада и да донесе живот во Македонија за сите.