29 Април, 2024
0.0254

Британски Economist: Македонија меѓу земјите со висок ризик за општествени немири!

Објавено во: Анализа 30 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Опасност од општествени немири идната година им се заканува дури на 65 земји во светот покажува анализата на британски Economist во која се опфатени 150 земји, меѓу кои е и Mакедонија која е посочена како земја со висок ризик. Општествени или политички немири се дефинираат како развој на настани кои претставуваат сериозна опасност по владата или постоечкиот политички поредок, а земјите се рангирани во пет групи: многу низок ризик, низок ризик, срден ризик, висок ризик и многу висок ризик. Најголема опасност од општествени немири им се заканува на 19 земји меѓу кои се и земјите од регионот како БиХ, Грција, но и Египет, Сирија и Либија. Од земјите во регионот висок ризик од немири во следната година покрај Mакедонија имаат и Албанија, Бугарија, Хрватска и Романија, а во истата група се и Кина, Турција, Украина, Шпанија и Португалија. Во групата на земји со среден ризик се најдоа 53 земји, од кои од регионот се Србија и Словенија, но и Белгија, Франција, Куба, Унгарија, Италија, Холандија и Русија, стои во анализата објавена на веб порталот на угледниот британски неделник. Помеѓу земјите со низок ризик од општествени немири во 2014 се Чешка, Германија, Полска, Шведска и САД, додека пак експертите од Economist процениле дека социјални немири идната година нема да има во шест земји – Австрија, Данска, Јапонија, Луксембург, Норвешка и Швајцарија. Economist наведува дека општетсвените немири се сепочеста појава низ светот, дел настанел како директна последица на економските проблеми, додека другите претставуваат реакција на диктаторски режими, а заедничка им е финансиската криза која владее изминатите 4 години. Покрај економските проблеми, причина за социјални немри и се и големите разлики во приходите, лошата власт, слабите социјални програми и етничките тензии. Во последно време една од најголемите причини е недовербата во власта и интитуциите, односно криза во демократијата, посочува неделникот. K.K.