26 Април, 2024
0.0277

Македонија може, но не ги користи водените потенцијали за производство на струја, до кога?

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Македонија користи околу третина од хидропотенцијалот. Ветерот и сонцето речиси и да не се користат за производство на струја. Додека големите економии со децении ги користат сонцето, ветерот, депонискиот гас, биомасата и произведуваат енергија - Македонија само пишува стратегии кои тешко доживуваат реализација. Македонија годишно може да произведува околу 5.500 гигават/часови електрична енергија од вода, речиси колку што е вкупното годишното производство на струја од сите енергетски капацитети во земјава. Овие поразителни податоци за неискористувањето на енергетските потенцијали и дефицитарното домашно производство на струја Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ги посочува во енергетската стратегија на Македонија за следните 20 години.
“Од хидропотенцијалот во Македонија досега се изградени хидроелектрани со вкупна инсталирана моќност од 580 мегавати и со просечно производство од околу 1.500 гигават/часови (GW/h) што претставува 27% од расположивиот потенцијал. Планирано е искористување на дополнителни хидроелектрани со производство од околу 2.500 GW/h со што вкупното производство би изнесувало 4.000 GW/h или 73% од расположивиот технички потенцијал. И покрај одредени административни проблеми како и проблеми со нејасната хидрологија на локациите, реално се очекува изградба на вкупно 80 мегатави електрична енергија од хидроелектрани со производство од 210 гигават/часови годишно до 2020 година, односно од 420 гигавати до 2030 година”, напишаа дел од енергетските експерти од земјава пред две години, во енергетската стратегија на Македонија, документ кој МАНУ го изработи за Владата, за да и предочи што се треба да се направи во енергетиката до 2030 година.
Паметните држави вложуваат во инфраструктурни прокети кои носат развој! Погубни се податоците и за неискористената биомаса, ветерот, геотермалната вода, бесплатните и еколошки чисти извори на енергија, кои Македонија речиси и да не ги користи, а од кои може наместо нето увозник да стане извозник на електрична енергија. На Македонија и требаат милијарда евра за да ги реализира проектите од обновливите извори на енергија и четири милијарди за да ги изгради клучните термо и хидроцентрали кои со години се “ТОП приоритет“ на оваа, но и на претходните влади. Апсурд е што Македонија со дури 280 сончеви денови годишно, не го користи овој  бесплатен извор на енергија. Земјава не го искористува ниту потенцијалот на ветерот, водата ниту пак, на отпадот од кои “паметните” држави произведуваат енергија. До 2020 година Македонија има обврска пред Европската енергетска заедница, 20% од вкупното производство на енергија да биде од обновливите извори. Но, што ќе се случи ако во следните 10 години земјава не работи според зацртаната динамика? Експертите имаат различни предвидувања, но повеќето се едногласни дека државата слабо се ангажира кога е во прашање реализацијата.
„Уште еден апсурд е што Македонија веќе 20 години само размислува како да ги искористи своите предности, но не гради објекти на кои можат да се вградат сончеви колектори. Од друга страна пак, земји со многу малку сонце, како Австрија, Германија, Франција се лидери во искористувањето на сонцето како енергија. Македонија во овој момент сончевата енергија ја користи исклучително малку, дури и не влегуваме во ниту еден европскки билтен. Неопходни се поголеми субвенции, стимулации, даночни олеснувања и изградба на нови објекти”, оценува Илија Насов, универзитетски професор.
Климатските карактеристики- висок интензитет на сончево зрачење како и неговото времетраење, температурата, влажноста, овозможуваат поволни услови за успешениот развој на сончевата енергија, велат експертите. Според нив, континенталната клима со жешки и суви лета ја прави Македонија земја со повисок потенцијал за искористување на сончевата енергија од просечните Европски земји. К.П.  

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот