Македонија на 89 место: Ова се земји со најразвиена туристичка индустрија за 2017
Објавено во: Македонија 14 Мај, 2017
Лидерот во листата на земјите со најразвиена туристичка индустрија за 2017 година е Шпанија. Ова го покажува годишната студија на експерти од Светскиот економски форум. Земјата застанува на чело на оваа листа по втор пат.
На второ место на листата оваа година е Франција, на трето Германија. Во топ 10 се уште Јапонија, Велика Британија, САД, Австралија, Италија, Канада и Швајцарија. Македонија го зазема 89-то место во листата.
Индексот на конкурентноста во областа на туризмот се определува од збир на фактори и политики кои овозможуваат за одржлив развој на секторот туризам и патувања, кои од своја страна, придонесуваат за развојот и конкурентноста на земјата.
Во листата се земени предвид бројот на параметри како безбедност, развој на инфраструктурата, културни и природни знаменитости и др. Анализата е направена меѓу 136 земји во светот.
Темата на изданието за 2017 година е да се бори на неговиот пат за одржлива и инклузивна иднина, одразувајќи го обезбедувањето на одржлив раст на индустријата во несигурна средина, како и зачувување на природната средина и локалните заедници, од кои толку многу е зависен.