03 Мај, 2024
0.0286

Македонија официјално стана непријател, Османи добил известување од Русија

Објавено во: Македонија 07 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Владата на Руската Федерација одобри список на странски држави и територии кои вршат непријателски дејствија против Русија, нејзините компании и граѓани. Според прес-службата на Кабинетот на министри во понеделникот, потпишана е соодветна наредба.

Списокот ги вклучува САД и Канада, државите на ЕУ, Велика Британија (вклучувајќи Џерси, Ангвила, Британските Девствени Острови, Гибралтар), Украина, Црна Гора, Швајцарија, Албанија, Андора, Исланд, Лихтенштајн, Монако, Норвешка, Сан Марино, Северна Македонија, а исто така и Јапонија, Јужна Кореја, Австралија, Микронезија, Нов Зеланд, Сингапур и Тајван (се смета за територија на Кина, но управувана од сопствена администрација од 1949 година).

- Ние сме информирани официјално за променет став во однос на нашата држава. Нашата позиција во контекст на оваа агресија е јасно искажана и ние ќе се придружиме на сите одлуки на ЕУ., коментираше денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Шефот на македонската дипломатија рече дека државата по ова прашање нема да превземаа билатерални одлуки, туку ќе делува само по основа на координација со ЕУ.

„Претходно споменатите земји и територии воведоа или се приклучија на санкциите против Русија по почетокот на специјалната воена операција на вооружените сили на РФ во Украина“, се вели во одлуката.

Списокот беше одобрен како дел од Уредбата на претседателот на Руската Федерација од 5 март 2022 година „За привремена постапка за исполнување на обврските кон одредени странски доверители“.

Како што е наведено од Кабинетот, според оваа уредба, руските граѓани и компании, самата држава, нејзините региони и општини кои имаат девизни обврски кон странските кредитори од списокот на непријателски земји, ќе можат да ги плаќаат во рубли


Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите