Македонија помина рекордно време во портокалова фаза
Објавено во: Македонија 12 Август, 2017
2017 е засега најтоплата година во последната декада и до крајот на летото ќе се знае дали е и најтоплата година на столетието. Последиците се почуствуваа низ цела Европа со топлотниот бран „Луцифер“ кој веќе десетина дена ја пресуши Македонија, предизвика бројни шумски пожари и го поремети секојдневното функционирање на граѓаните.
Последен пат црвен аларм поради горештините во земјава беше вклучен летото 2007-ма година. Разликата меѓу двете фази е многу мала, но според лекарите поопасно е за здравјето на луѓето е долгиот период на многу топло време како што е сега и тоа го истоштува организмот.
- Затоа што периодот на одмор што треба да го имаме навечер е премногу топло. Едноставно луѓето неможат да се наспијат и тоа го истоштува организмот. Треба да се внимава со храната, да биде полесна и да се внесуваат повеќе течности, изјави проф. Д-р Михаил Кочубовски од Комисија за топлотни бранови, во изјава за Сител.
Дополнителен шок за организмот е и најавеното разладување за 15-тина степени викендот сметаат лекарите.
- Големите промени на температурата не се баш за сите најдобри и треба луѓето да внимаваат бда не преминуваат на друг режим на исхрана, да продолжат со течности и физичка активност, додаде проф. Кочубовски.
Посвежо време ќе имаме само викендот, а од понеделник температурите повторно ќе растат, но нема да биде толку многу топло.