27 Април, 2024
0.0250

Македонија се повлекува, ќе увезува српска пченица за да извезува македонско вино

Објавено во: Агробизнис 10 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Србија се закани дека ќе го стопира увозот на македонско вино и домати, Македонија попушти и вети дека ја укинува одредбата за условен увоз на пченица и брашно. Денеска, по средбата на ресорниот министер Љупчо Димовски со српскиот министер за надворешна и внатрешна трговија, Расим Лајиќ, претставниците на двете држави се согласија дека имаат заедничкиот интерес за продолжување на добрата трговска соработка со земјоделски производи.
Како што стои во соопштението од министерството за земјоделство, тие изразиле подготвеност за евентуална измена на времената мерка за условен увоз на пченица и брашно после надминување на нарушувањето на пазарот. За Љаиќ најважно е тоа што е договорено да се тргнат сите бариери во трговијата помеѓу Македонија и Србија . „Ние ќе ја следиме процедурата и очекуваме дека таа одредба ќе биде изменета во разумен рок“,рече Љаиќ и додаде дека договорено е еднаш неделно Србија и Македонија да се консултираат за техничките и практични проблеми од областа на увозот и извозот и заемно да се решаваат. Лаиќ исто така најави дека на вонредното заседавање на ЦЕФТА Белград ќе ги извести за денешниот договор. Двајцата министри се договориле за воздржување од воведување на дополнителни мерки кои би ја оневозможиле непречената трговска размена со земјоделските производи. Денешната средбата во Скопје, се одржува неколку денови откако Србија реагираше на одлуката на македонската влада да го услови увозот на пченица и брашно со купување на домашна пченица, по што беа најавени реципрочни мерки.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади