29 Април, 2024
0.0254

Македонија со најголемо поскапување на недвижнините во регионот, пред Албанија, БИХ и Грција

Објавено во: Економија 25 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Во Македонија, најновите статистички податоци покажуваат дека недвижнините поскапуваат со висока стапка од 20,6 отсто. Најверојатната причина за сегашниот раст е тоа што од 2020 година земјата веќе е во формални преговори за влез во ЕУ и дури сега се забележува како место за инвестирање. Истото важи и за Албанија, која е следна во рангирањето по поскапување

Денешното издание на бугарски „24 Часа“ потсетува дека, покрај становите во Скопје, атрактивни за купување се и градежните парцели во Охрид, иако не се покрај езерскиот брег.

Како што објави истражувањето на 24 Часа, најголем раст на цените на недвижнини на годишно ниво во регионот има Македонија - 20,6, по што следуваат Албанија (17,6), БИХ (17,0), Грција (13,4), Бугарија (9,2), Црна Гора (9,0),Србија (6,5), Романија (6,49),Хрватска (3,5).

Во Албанија, трендовите првенствено се водени од имотите за одмор и од можностите за купување дом на Јадранот. Ообено во Саранда. Локалниот пазар главно привлекува странци од скандинавските земји кои купуваат викендици. Фактор е и географската локација - Крф, на пример, е многу блиску до Саранда, а оттаму лесно и брзо се стигнува до популарните дестинации како што се Хрватска и Црна Гора.

На албанските сајтови за недвижнини, често може да видите понуди за станови со поглед на море во Саранда или Валона со цени од 100-150 илјади евра за 80-100, па дури и 120 квадратни метри Згора на тоа, особено во Саранда е преполно со новоизградени отворени и затворени станбени комплекси.

Сосема поинаква е причината за поскапувањето на недвижностите во Босна и Херцеговина, каде минатата година растот беше 17 отсто.

„Извештајот на Светска банка од пред две години покажа дека пазарот за недвижнини во оваа држава се развива со високо темпо пред се поради масовните купувања на домови и канцеларии канцеларии од странци од Блискиот Исток и Турција“, пишува 24 Часа.

Во Црна Гора поскапувањето на недвижнините на годишно ниво е 9 отсто. Има просперитетен туристички сектор и се стреми да привлече побогати туристи. Зделките за имоти за одмор се зголемија за 10 во секоја од последните неколку години, но исто така и другите недвижнини се со голема побарувачка.

По главниот град Подгорица, најголем интерес има за Будва, Херцег Нови, Котор, Тиват и воопшто градовите на јадранскиот брег. Но, и покрај уникатната природа, просечната вредност на станбените имоти во Црна Гора е 1500 евра по квадратен метар.

Во Србија (поскапување од 6,5 отсто) работите се сменија по Берлинскиот процес, во кој ЕУ ги вклучи земјите од Западен Балкан во серија проекти за изградба на инфраструктура за зајакнување на економскиот развој и стабилност во целиот регион. Така, од 2018 година, изградбата и цените на куќите се зголемија, а исто така и кредитирањето.

Централната банка толку ги заостри условите за одобрување кредити што каматната стапка на становите, која до средината на 2023 година изнесуваше околу 6 отсто, а сега е 8 проценти. Според извештајот на Здружението на банки во Србија за 2023 година, бројот на повлечени кредити драстично е намален.

Просечната цена на станбениот имот во Србија до почетокот на 2023 година изнесуваше околу 1.700 евра за метар квадратен. Оттогаш почна нагло зголемување и моментално е близу 2 илјади евра.


Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка