Македонија со поголема минимална пензија од Бугарија и Србија
Објавено во: Економија 14 Октомври, 2020
Во својата последна статија објавена денеска „24часа.бг“ објави дека Бугарија има една од најмалите минимални пензии на Балканот, а како што велат од таму, помала и од онаа во Северна Македонија.
Во Македонија пензијата изнесува 9.751 денари, односно 157 евра. Минималната пензија во Македонија е повисока од онаа во Бугарија која е 127,7 евра, од Србија каде е 89,5 евра, Црна Гора со 144 евра, Албанија со 112,4 евра и Косово со 74 евра.
Нешто поголема минимална пензија од Македонија имаат Романија и БИХ каде се 202, односно 201 евро.
Минималната пензија е убедливо највисока во Словенија со 498, Турција и Грција со 400 и 388 евра, како и во Хрватска со 362 евра.