03 Мај, 2024
0.0259

Македонија-Србија,за влакно избегнат нов трговски спор

Објавено во: Агробизнис 26 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

 По прекин од речиси еден месец, српските извозници почнаа да извезуваатбрашно во Македонија. Откако по поплаките од српските мелничари и министерството за внатрешна и надворешна трговија на Србија излезе со закана дека ќе го блокира увозот на македонски производи, од вчера македонското министерство за земјоделство почна да издава контролни маркици за брашното што влегува во земјава. Дека трговските односи се нормализираа уверуваат и од српското министерство за трговија.

- Нашите извозници на брашно во Македонија веќе не известија дека добиле маркици за брашното, така што сега нема никаков проблем, секако и увозот на македонски производи кај нас ќе се тече нормално. Во четвртокот навечер нашиот министер за трговија Расим Љајиќ разговараше со вашиот министер за земјоделство Љупчо Димовски, кој не извести дека печатењето на маркиците почнало и дека со самото тоа ќе почне и издавањето на маркиците. Според нашите информации издавањето на маркици сега тече без прекин, вели Урош Кандич, портпарол на Министерството за внатрешна и надворешна трговија на Србија.

 Процеудрата за издавање маркици трае еден месец

 Одлуката за воведување на контолни маркици стапи на сила од 1-ви овој месец, и важи не само за увозното туку и за домашното  брашно. Од почетокот на месецов до вчера, не била издадена ниту една контролна маркица. Тоа значи  дека во тој период воопшто немало увоз на брашно. Од 15-ти сепетмври кога Македонија ја укина мерката за ограничен увоз на брашно,  до први откмври во земјава се увезени 1.500 тони брашно од Србија . Извори за Фактор коментираат дека претходно имало проблем тендерот со компанијата која требало да ги печати маркиците и дека затоа се доцнело со издавањето маркици. Од друга страна пак од министерството за земјоделство, пак велат дека немало никаков проблем во увозот, но процедурата за добивање на маркици за брашното траела околу еден месец. Од министерството уверуваат дека барањата за маркици биле навреме разгледани и дека досега ниту едно барање не е одбиено.  За револтот на српските мелничари, од министерството велат дека тие најверојатно не ја знаат процедурата, која трае еден месец. - Се извршија измени во Законот за промет на земјоделски производи со кои планираме да го регулираме пазарот на брашно, и за таа цел се воведоа и контролните маркици, кои треба да се залепат на секое паковање на брашно од еден до 50 килограми.  Има два типа на маркици, тип А и тип Б. Цената за тип А е 0,5 денари, а за тип Б цената за маркицата е 1,5 денари. Ние настојуваме да го регулираме прометот на брашно и да го контролираме, а во исто време да им гарантираме на потрошувачите дека користат безбедно брашно. Секој има право да ги добие тие маркици, и е обврска да ги користи, а се однесуваат на домашните производители и на увозниците на брашно. По поднесувањето на потребната документација и уплаќањето на сумата се издаваат маркиците. Има законски рок во кој се издваат. Тие не се воведени за да се спречи увозот на брашно од некаде, туку за заштита на пазарот на брашно во Македонија и на потрошувачите, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски

 Заканите од Србија се неосновани

Македонските мелничари велат дека заканите на српските власти извозници се неосновани, и дека сакаат да создадат вештачки проблем. Мелничарите веќе години наназад апелираат да се воведат вакви контролни маркици со цел да се регулира прометот со брашно и да се спречи дивиот увоз на продажбата на брашно, поради што имаа огромни финансиски последици.

- Тие сега се бунат поради воведувањето на контролни маркици а истото го има воведено и Србија. Треба да си се снабдат со маркици од нашето министерството и нормално увозот си е слободен. Тие маркици важат и за нас, тоа е заштита  дивите продавачи на брашно и од дивите увозници, ќе се стави крај на дивото производство на леб и брашно во земјава. Само ние немавме маркици, сите земји имаат  вели Николчо Георгиев, претседател на Групацијата на мелничари на Македонија при Стопанската комора на Македонија

Србија уште пред неколку години воведе контролни маркици, и ги користи како инструмент за регулирање на увозот но и за заштита на домашното производството. Македонските експерти одамна апелираат дека и Македонија треба да најде начин како  да штити домашното производство ,а при тоа и да го држи под контрола увозот.

-Постојат други начини со кои можеме да си го заштитиме домашното производство од увозните производи. На пример да се поставуваат стандарди што треба да ги исполнуваат увозните производи, маркици, или пак да се направи вон тарифен увоз на тврда пченица, со такви работи може да си го штитиме производството, вели агроекономисот Борис Анакиев.

Ова е втор пат Србија да се закани дека ќе го блокира увозот на македонски производи. На почетокот на јули Србија се закани со блокади, поради македонската мерка за ограничен увоз на пченица и брашно. Препукувањата на релација Македонија- Србија траеја речиси два месеци. Македонија ја укина мерката порано од законски утврденото, односно на 2-ри септември за пченицата, а на 15-ти септември се укина мерката за ограничен увоз на брашно.  

Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?