МАКЕДОНИЈА ЗА ЏАМБАСКИ Е СЕВЕРНА КОРЕЈА: Не доаѓа во Скопје, Гоце Делчев го чевствува во Благоевград
Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2023
Бугарскиот
европратеник, Ангел Џамбаски денеска нема да дојде во Скопје, великанот Гоце Делчев
го чевствува во Благоевград, а според неговата објава на ФБ, Македонија за него
е Северна Кореја.
-Гоце Делчев го чевствуваме во Благоевград на неговиот споменик во дворот на црквата каде што е споменикот Делчев Род каде почиваат неговиот татко Никола, неговата сестра Марија и други роднини. Со достоинство и почит.
Во исто време дознавме дека државата Северна Кореја, со која се граничиме на југозапад, ги затворила сите свои граници со Бугарија. Не дозволува ниту граѓани, ниту новинари. Никој.
Се прашувате кој ги провоцира во моментов? Очигледно ги исплашивме по ѓаволите. Штом се затворија границите, само затоа што сме со Вмро Бнд Благоевград во срцето на бугарски Пирин #Македонија
Им ја прекинавме струјата, од далечина, оттука.
Замислете да решевме да ги преслушаме во живо, во Скопје, пишува Џамбаски во објавата на ФБ.