17 Мај, 2024
0.0280

Македонска компанија жртва на меѓународен канал на финансиски криминал: Филмската приказна за Фактор ја раскажува сопственикот, институциите молчат

Објавено во: Економија 05 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Позната домашна компанија со долгогодишно искуство во производство и продажба на прехранбени производи е жртва на голема измама со меѓународни канали на финансиски криминал. Првиот човек на компанијата која е добро позната во јавноста, за Фактор открива детали од измамата за која веќе се известени и Управата за финансиска полиција и меѓународни регулатори и институции. Вкупната штета на компанијата засега изнесува над 11.000 евра, пари кои веќе се уплатени на сметка на измамниците. Целата приказна наликува на приказна од некој филм – неверојатна е, а вистинита. Станува збор за добро разработена шема, а вината не може да му се препише ниту на сопственикот на македонската компанија затоа што ништо во целиот процес не навестувало дека станува збор за измама.

Целата бизнис зделка започнува некаде во октомври, минатата 2020 година, кога менаџментот на нашата компанија во потрага по нов меѓународен партнер за набавка на некои производи одлучил да набавува овесни снегулки од украинската компанија „Дружба нова“. Станува збор за позната и реномирана фирма, која е позната и во Украина, но и на меѓународен план. Дополнително, сопствениците на македонската компанија ги провериле газдите на украинската фирма во регистарот на компании europages (еуропејџис). Таму стои и нивната адреса и веб страницата (www.dnova.com.ua), па и контакт телефон. Откако се увериле дека станува збор за добра компанија со добро кредитно реноме, газдите од македонската фирма пратиле мејл за соработка за да им се прати понуда за купување на овесните снегулки. За целата кореспонденција и плаќањата сопственикот на македонската компанија има докази, чува мејлови, банкарски уплати, свифтови и известувања.

„Може да видите и по емајл пораките дека повеќе месеци бевме во контакт. Им побарав цена за транспортот за да се достави стоката до Македонија по што ми дадоа добра цена од само 1.050 долари. Јас направив уплата по фактура од 7.690 долари и ми испратија потврда за нарачка и наводно робата требаше да стаса на 27 октомври. Потоа ги исконтактирав да проверам дали веќе е товарена стоката и ме информираа дека сум пропуштил еден мејл и дека треба да платам таканаречен „секјурити депозит“ од 1.990 долари директно на транспортната компанија во случај да се оштети контејнерот при истовар и дека наводно тие пари треба да ми ги вратат по договор. Бидејќи малку се доцнеше со плаќањето имало и дополнителни трошоци од 999 евра за кои добив фактура и ги платив. Парите од депозитот ми ги вратија односно тие 1.999 долари, но ми рекоа наместо во долари да уплатам во евра 1.715 евра на друга сметка и ги платив. После некое време и повеќе притисок од наша страна ми рекоа да уплатам дополнително 705 евра како demurage fee, пари кои исто така ги платив, вели нашиот соговорник.

Веднаш по уплатата му се јавиле од НЛБ Банка и од Прокредит од каде го известиле дека плаќањата кон транспортната фирма се блокирани затоа што тоа се офшор сметки по што сопственикот кој е измамен почнал да се сомнева во легитимноста на компанијата. Веднаш побарал регистрациски број на фирмата „Дружба нова“ по што му бил даден вистинскиот број. Провериле и се увериле дека станува збор за голема компанија од Украина, но подоцна сфатиле дека не е истата со која имале контакт туку некој лажно се претставувал во нивно име.

„Ангажирав пријатели од Украина кои ја проверија фирмата и се јавија кај нив по што не известија дека лицето со кое ние комунициравме (Фактор го има името) воопшто не работи кај нив и дека немаат никаква комуникација или нарачка со нашата компанија. Тие и друг пат имале пријави за криминал со истото лице и рекле дека се работи за таканаречени scammers, вели сопственикот на измамената компанија.

Тој веќе ја известил амбасадата на Украина во Македонија, но оттаму освен првичниот мејл дека го добиле известувањето нема никаква реакција, со што, според сопственикот, излегува и дека ако соработувате со украинска компанија и ако имате некаков проблем нема да имате никаква грижа од нивната амбасада односно од нивната држава.

Сопственикот пријавил во Управата за финансиска полиција но и од оваа институција уште нема одговор. Директорот Арафат Муареми за Фактор  изјави дека случајот ќе биде разгледан и тој ќе направи се за да се помогне.

Додека тоа не се случи сопственикот на оваа наша фирма нема многу опции. Парите му останале на сметките на измамниците кои многу вешто ја водат зделката. Тој го има и телефонскиот број на лицето со кое комуницирале, но и број на фирмата која лажно се претставувала и нивната интернет страница www.dnova.com.ua. Страницата на легитимната компанија со која мислеле дека имаат контакт е https://druzhba-nova.com.

Сопственикот очекува потерница по лицето и се надева дека фирмата измамник ќе биде ставена на црна листа на компании измамници. 

А.Т.

Фактор ги има на увид сите документи. Сопственикот во оваа фаза не сакаше името на фирмата да биде откриено.

Можеби ќе ве интересира

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна