13 Мај, 2024
0.0243

Македонски производители на берлинскиот саем „Фрутлогистика“

Објавено во: Агробизнис 05 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Македонски компании од денеска до задутре учествуваат на Саемот за свежо овошје и зеленчук „Фрутлогистика“ што се одружува во Берлин. Интерес за учество на овој саем покажале компаниите „Перминдекс“, „Агролозар“, „Агро Калем“, „Жито“, „ГД Тиквеш“, „Румко“, „Баџо Компани“, „Туран“, „Ксенос“ и „Евро Мак“. Министерството за земјоделство, за поуспешно претставување на македонските излагачи, им обезбеди простор од 120 квадратни метри каде што е сместен националниот штанд. Минатата година на саемот биле склучени нови договори за извоз на свежо овошје и зеленчук во износ од 4,67 милиони евра, со компании од Холандија, Русија, Словачка, Италија, Украина, Франција, Унгарија, Романија, Шпанија, Алжир, Хрватска, Бугарија, Чешка и Германија. Саемот „Фрутлогистика“ претставува водечки меѓународен саем за свежо овошје и зеленчук, на кој секоја година присуствуваат приближно 2.600 излагачи и 60.000 посетители од над 130 земји од светот, меѓу кои и глобалните лидери во индустријата за свежи производи.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?