17 Мај, 2024
0.0301

Македонски сирења дел од меѓународниот фестивал „Cheese 2013“

Објавено во: Агробизнис 30 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Галичкиот и Лазарополскиот кашкавал и сирењето од Бистра Македонија ги претстави на четиридневниот биенален меѓународен фестивал на сирење - „Cheese 2013“, кој се одржа во градот Бра во северна Италија.

Во „Улицата на президиумите“ (президиуми се заштитени производи на Slow food) беа претставени голем број президиуми на сирења од целиот свет, додека на крајот од улицата, во „Куќата на биодиверзитетот“ се одржуваа бројни презентациии на активностите на Slow food Фондацијата за биодиверзитет. Се проценува дека оваа година настанот го посетија 250.000 посетители.

Тема на настанот оваа година беше „Зачувај сирење“  со што од посетителите се бараше да донесат сирење кое би сакале да го спасат од исчезнување со негово додавање на листата на номинации за „Арка на вкусот“ што во суштина претставува каталог на производи загрозени од исчезнување кои Slow food ги заштитува. Така, на овој начин, оваа година беа предложени 250 видови сирење.

- Настанот овозможи посета на пазари на сирење, работилници за вкус и конференции и овозможи на едно место да се сретнат малите производители, експертите за млеко и млечни производи и фармерите. Ова беше можност за учество на македонски експерти на Конференција за хигиенска регулатива за производство на сирења на ЕУ и нејзина адаптација во земјите на Балканот. Низ шаторите, различните сали и простори распоредени низ улиците на центарот на овој историски град, посетителите имаа несекојдневна можност да вкусат сирења и млечни производи од сите краишта на светот, а Македонија во организација на Slow food Македонија пред светската публика го претстави Президиумот Маврово-Река, со што посетителите имаа можност да се сретнат со уникатните вкусови на Галичкиот и Лазарополскиот кашкавал и сирењето од Бистра, се вели во денешното соопштение од Slow food Македонија.

Во рамките на овој настан имаше и промоција на проектот ЕССЕДРА кој ги вклучува земјите од Балканот (Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Романија, Србија, Хрватска), Турција и „Европскиот форум за заштита на природата и пасторализам“ како партнер на овој проект. Презентацијата на проектот се направи преку конференција на која се изврши дегустација на сирења од Балканот, при што Македонија се претстави со уникатното Биено сирење.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?