03 Мај, 2024
0.4291

Македонски Телеком го збогатува филмскиот HBO пакет

Објавено во: Стил 25 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком го збогатува филмскиот HBO пакет со нов HBO 3 канал. Новиот HBO 3 канал ќе биде активиран за сите корисници почнувајќи од 26 март и ќе биде отворен заклучно до 29 март без доплата, а потоа ќе биде достапен само за корисниците на HBO пакетот.

HBO 3 е канал кој изобилува со серии во ударен термин. Корисниците ќе можат да уживаат во култните серии препознатливи по HBO квалитетот и посебност. Освен најбараните хитови од американската HBO продукција, новиот канал донесува и популарни серии на други студија, како и серии од HBO Europe продукцијата. Програмата е дополнета и со внимателно одбрани филмски наслови кои се прикажуваат во текот на денот или во доцните вечерни часови. Новиот HBO 3 канал е достапен за корисниците под  реден број 553.

Дополнително како новина, HBO Comedy станува HBO 2, канал кој донесува широк избор на програмски содржини за целото семејство. Во текот на денот,најмладите ќе уживаат во семејни филмови и детски содржини, додека во вечерните часови на распоредот се комедии, трилери, акциони и драмски наслови за сечиј вкус.