27 Април, 2024
0.0278

Македонски Телеком со вкупна нето добивка од 1.381 милион денари на крајот од 2017

Објавено во: Мои пари 22 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

 - Македонски Телеком има водечка позиција на пазарот според остварените приходи на крајот од 2017 година
  -Вкупната нето добивка на крајот од 2017 година изнесува 1.381 милион денари и е зголемена за 33,3 отсто во споредба со минатата година 
 - Бројот на IPTV корисници изнесува 117,5 илјади што претставува зголемување од 9,1 отсто


Македонски Телеком АД-Скопје има водечка позиција на пазарот според остварените приходи на крајот од 2017 година, покажуваат неревидираните финансиски извештаи подготвени во согласност со меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).

Вкупната нето добивка изнесува 1.381 милион денари и е зголемена за 33,3 отсто во споредба со истиот период од претходната година. Приходите од продажба во 2017 година изнесуваат 10.221 милион денари, што претставува намалување од2,5 отсто во споредба со 2016 година.

„Македонски Телеком во изминатата година ја зацврсти својата позиција на водечки интегриран давател на телекомуникациски услуги на пазарот, пред сèкако резултат на нашето портфолио на конвергирани фиксни, мобилни и cloud услуги. Главниот фокус во 2018 година повторно ќе биде ставен на конвергентните услуги. Истовремено, следејќи ги технолошките трендови продолжуваме со модернизацијата на мрежата, што претставува  основа за  креирање на модерни и иновативни услуги и воведување на дигитизација во општеството. Едноставно, нашата визија е да им овозможиме на сите корисници да уживаат во можностите на новите технологии денес и во иднина на најдобрата мрежа во Македонија“, изјави Андреас Елснер, главен извршен директор на Македонски Телеком.

Вкупниот број на пристапи на широкопојасен интернет на крајот од 2017 година е стабилен и изнесува 194 илјади, додека уделот на пазарот на широкопојасен интернетна крајот од 2017 година изнесува46 отсто, според интерните проценки.

Приходите од малопродажен Интернет и дигитална телевизија преку Интернет протокол („IPTV“) на крајот од 2017 година се зголемија за 1,8 отсто во споредба со претходната година. Во 2017 година, Македонски Телеком како резултат на високиот квалитет, интерактивноста и уникатното ТВ искуство, оствари добри резултати во дигиталната телевизија. На крајот од 2017 година, бројот на IPTVкорисници изнесуваше 117,5илјади што претставува зголемување од 9,1 отсто во споредба со 2016 година. Со тоа, Македонски Телеком, според интерните проценки, достигна удел од 28,2 отсто на ТВ пазарот.

На пазарот на мобилната телефонија, компанијата има удел од 48,6 отсто, а базата на претплатници на крајот од 2017 година изнесуваше 1.203 илјади. На крајот од 2017 година, приходите од говорни мобилни услуги се намалени за 5,5 отсто во споредба со претходната година,што е компензирано со приходите од неговорни мобилни услуги коишто се зголемија за 21 отсто. Намалувањето е резултат на намалените цени на националниот дојдовен мобилен сообраќај во терминација, комбинирано со зголемениот обем на сообраќај и намалениот обем на меѓународен дојдовен сообраќај во терминација, што е компензирано со зголемувањето на приходите од пост-пејд.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“