19 Мај, 2024
0.0323

МАКЕДОНСКИОТ НОВИНАР КОЈ УСПЕА ДА НАПРАВИ ИНТЕРВЈУ СО ВИВИЕН ВЕСТВУД: Толески од групацијата Фактор изненаден од контроверзната дама

Објавено во: Македонија 30 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Светски познатата дизајнерка Вивиен Вествуд почина вчера на 81-годишна возраст, а веста ја потврди нејзината модна куќа, истакнувајќи дека таа починала мирно и опкружена со семејството во нејзиниот дом во Лондон.

За време на повеќедецениската кариера на Вествуд, таа ја дефинираше британската мода со нејзиниот ексцентричен дизајн, стил и еколошки активизам, поради што наидуваше на критики во јавноста зошто во насока да се штеди водата таа се капела само еднаш неделно, додека нејзиниот сопруг еднаш месечно.

Во плејадата интервјуа кои легендарната контроверзна дама ги даде за светски познати списанија и ТВ емисии, со неа успеа да направи интервју и Небојша Толески, актуелен уредник на Женски и на Машки Магазин од групацијата Фактор.  

-Интервјуто со Вествуд беше направено во Фиренца во 2008 година. Имаше предавање пред студентите на една модна академија. Јас бев единствениот новинар тогаш кој успеа да допре до неа, иако на почетокот не сакаше воопшто интервју. Остроумна во одговорите, каприциозна во однесувањето и без влакна на јазик. Носеше фустан кој не беше порабен, па ја прашав зошто е тоа така? „Затоа што така треба“- дрско ми рече. А, кога и кажав дека сум од Македонија, сосема се изненадив од нејзиниот одговор... - Македонија??? А, па тоа е Северна Грција, Македонија како таква не постои!“

Вествуд остава длабок печат во светот на модата, а како пто наведува Толески во неговиот пост на Фејсбук, таа засекогаш ќе остане една од најдобрите светски модни дизајнерки, вечно бунтовна, инспиративна, своја и дива.


Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама