26 Април, 2024
0.0278

Македонските музички фестивали во „трка“ со парични награди

Објавено во: Стил 08 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Биба Додева, победникот на овогодинешното издание на фестивалот на забавна музика „Макфест“, доби награда од 20.000 евра. Со нејзината песна „Врати се“ таа победи на штипскиот фестивал кој заврши синоќа и ја однесе дома вредната награда.

На прашањето - на што ќе ги троши парите, Додева одговори дека со нив ќе плаќа кирија.

Наградата од 15.000 евра за освоено второ место ја зема Дарко Илиевски со песната „Кога најмногу ми требаш“. Елвир Мекиќ, пак, заврши трет со песната „Ако времето е најдобар лек“ и однесе награда во вредност од 10.000 евра. Признанието за најдобар дебитант на овогодинешниот „Макфест“ го доби Симона Поповска која беше наградена со 3.000 евра, а исто толку изнесуваше и паричната награда за најдобар сценски настап што ја доби Викторија Лоба за песната „Само мој“.

Со ова, фондот на парични награди на фестивалот надмина 50.000 евра, пари што ги обезбеди Министерството за култура кое оваа година го финансираше фестивалот.

Претходно, вакви високи награди за пејачите воведе Скопскиот фестивал на последното издание, каде победата и наградата од 20.000 евра ја однесе Ламбе Алабакоски, а дел од својата награда најави дека ќе донира. Во хуманитарни цели беа донирани и парите од СМС пораките со кои гласаше публиката на двата фестивала, но сумите собрани на овој начин ни одблиску не се високи како наградниот фонд.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти