27 Април, 2024
0.0275

Македонските пинг понгари финишираа на 6то место

Објавено во: Мои пари 17 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Од 2ри до 6ти Август се одржа 15 сениорско У21 Балканско Пинг-Понгарско првенство во Подгорица. Избраници на Селекторот Миле Петрески беа:  Теодор Кировски, Венко Стојанов и Методиј Бужаровски во машка конкуренција, а Ива Димитриевска, Бојана Михајловска и Ана Стојановска во женска конкуренција.

Прва попатна станица на нашите репрезентативци  беше турнирот Подгорица Опен, кој се одржа викендот пред Балканското првенство а нашите пинг понгари имаа одличен перформанс освојувајќи 8 медаљи во јуниорска и кадетска конкуренција.

Балканското првенство почна со натпреварите во екипна конкуренција, каде што момчињата со победа над Бугарија и девојките со победата над Косово успешно ги минаа групите и се пласираа во четвртфиналето. Во четвртфиналето за жал двете наши репрезентации беа сопрени од фаворизираните репрезентации на Романија, и завршија на 6та позиција.

Во поединечна конкуренција Методиј Бужаровски успеа да влезе во првите 16 играчи каде што загуби од третопласираниот на крај играч од Турција Yilmaz Tugay Sirzat, како и во дубл конкуренцијата во која Теодор Кировски и Методиј Бужаровски загубија од првопласираните пинг-понгари од Турција: Gunduz Ibrahim и Yigenler Abdullah Talha. На крајот најуспешна беше репрезентацијата на Турција освојувајќи ги сите златни медаљи на првенствотово сите конкуренции.

Следна станица на македонските пингпонгари е Европското првенство за сениори и сениорки кое ќе се одржи во Луксембург во средината на месец септември.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“