28 Април, 2024
0.0359

Македонските сирења во офанзива на балканот – Здравје Радово со раст на извозот од над 20%

Објавено во: Агробизнис 16 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Здравје Радово во моментов е најголемиот откупувач на млеко во Македонија, со откуп од близу 100 000 литри млеко , а деновиве оствари рекорден дневен откуп од над 120 000 литри. Се откупуваат сите расположливи количини на млеко од своите кооперанти кои ги задоволуваат строгите микробиолошки и хемиски стандарди.  Растот се должи на 10 годишната традиција на Здравје Радово, на партнерскиот однос со фармерите, вложувањата во нивна едукација, во набавка на лактрофризери и јуници, и пред се во развојот на своите брендови кои континуирано го подобруваат својот квалитет, велат од компанијата. Во моментов Здравје Радово соработува со повеќе од 2000 фармери, како и со најголемите фарми во Македонија, како што се ЗИК Пелагонија, ЗСК Струмица и др. Млекарницата Здравје Радово во првиот квартал од 2013 година, оствари раст на откупот на сурово млеко за 30% во однос на истиот период минатата година. Традиционалното овчо сирење од македонската млечна индустрија Здравје Радово се повеќе се прифаќа на пазарите во регионот. Со својот специфичен квалитет, произведен на традиционален македонски начин овој производ ги освојува потрошувачите од регионот, потврдувајќи ја улогата на регионален амбасадор на македонските млечни производи. Оттаму најавуваат уште поголема офанзива, извоз и на нови производи, а особен успех очекуваат од мешаниот кумановски кашкавал и мешаното сирење на Здравје Радово. “Мешаното сирење на Здравје Радово е најбараното сирење од македонските потрошувачи, лидер на домашниот пазар, производ кој го карактеризира исклучително висок и стандардизиран квалитет, исто како и мешаниот кашкавал што претставува гаранција за успех на соседните пазари. Целта ни е оваа година да од овие два производа  создадеме вистински брендови и на овие пазари, препознатливи со својот квалитет и географско потекло од Македонија”,  објаснува г. Јован Дабевски генерален директор на Здравје Радово. Извозната офанзива на Здравје Радово се потврдува и со податокот дека дури 80% од вкупниот извоз на македонски млечни производи е од нивниот асортиман, а Здравје Радово е пазарен лидер во рамките на македонската млечна индустрија, претставувајќи истовремено и значаен фактор на стабилност и развој за целата дејност. Стопанската комора на Р. Македонија неодамна на компанијата Здравје радово и даде и официјално признание дека е еден од најголемите македонски извозници, компанија која се развива дури и во услови на криза, претставувајќи пример за сите останати. Во своите идни планови Здравје Радово планира да го зголеми портфолиото на производи, и тоа пред се со производи кои ги бараат потрошувачите, како и во зголемување на извозот, од што ефект би имале сите: фармерите би добиле сигурност за пласман на млекото, потрошувачите квалитетен производ, а македонската економија фактор на стабилност и раст - велат од таму.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?