Македонските возачки ќе бидат признати во уште една земја
Објавено во: Македонија 13 Септември, 2017
Владата и Советот на министри на Босна и Херцеговина денеска ќе го потпишат договорот за заемно признавање и замена на возачките дозволи.
Претставници на македонската Влада на потпишувањето на договорот се министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, а од босанската Влада присутен ќе биде министерот за комуникации и транспорт, Исмир Јуско.
Министерот Сугарески ќе оствари и билатерална средба со министерот за комуникации Јуско.
Во иднина се очекува и патување меѓу двете земји само со лични карти, што беше најавено како можност при посетата на премиерот Зоран Заев во БиХ.