05 Мај, 2024
0.0237

Македонското млеко е квалитетно, но се произведува се помалку

Објавено во: Агробизнис 30 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Аферата со афлатоксинот не влијаеше врз продажбата на млеко од домашните млекарници, а потрошувачите имаат се поголема доверба во домашното млеко, велат млекопреработувачите. Како што велат тие, Македонија е генерално увозно зависна од млеко, а со сопствено производство задоволува едвај две третини од потребите.

„Квалитетот на суровото млеко од нашите кооперанти е врвен, кај средните фармери е одличен, а најситните во многу скоро време ќе го постигнат бараното ниво. Редовните контроли, пак, и стандардите се гаранција за домашните потрошувачи дека македонското млеко е безбедно“, вели Јован Дабевски, сопственик на млекарницата „Здравје Радово“.

Сепак посочуваат од секторот, трендот на недостиг од сирово млеко продолжува. Според податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство, во 20о9-та откупот на свежо кравјо млеко изнесувал 116 милиони литри млеко,во  2010 година е намален на 115 милиони литри, за во 2011 да се откупат само 108 милиони литри домашно млеко, бројка која лани е пониска од 100 милиони литри.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?