02 Мај, 2024
0.0257

Македонците сакаат легализација на медицинската марихуана

Објавено во: Стил 03 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Истражувањето на агенцијата за истражување на пазар и јавно мислење М-Проспект, покажува дека граѓаните на Македонија ја подрржуваат легализацијата на медицинската марихуана, но се против генералната легализација.

На анкетата, 70 отсто од испитаниците рекле дека сакаат легализација на медицинска марихуана, а 28 отсто биле против.

На прашањето за генерална легализација на марихуаната, 43 отсто биле ,,За", а 63 од испитаниците биле против.

Агенцијата за истражување на пазар и јавно мислење М-Проспект го спроведе истражувањето по пат на теренска анкета на јавното мислење, во период од 15 јуни до 15 јули 2015 година.