МАКРОН ИМА ПЛАН ЗА МИГРАНТИТЕ: Ќе има прифатни центри во туѓа земја
Објавено во: Свет 28 Јули, 2017
Франција планира да отвори прифатни центри во Либија, за да ги примат имигрантите, пред да стигнат во Европа.
Францускиот претседател, Емануел Макрон изјави дека центрите ќе бидат подготвени уште ова лето.
Според него, „жешките точки" ќе ги запрат луѓето кои не ги исполнуваат критериумите за азил, да не преземаат ризици за премин на Средоземното Море.Европската комисија одби да коментира, пред да се запознае со деталите на предлогот што изгледа дека не е направен во консултација со Брисел.