17 Мај, 2024
0.0290

Макрон најави нови правила за исламот во неговата земја

Објавено во: Свет 10 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Францускиот претседател Емануел Макрон најави вчера дека ќе почне да работи на рамки и правила за исламот во Франција, пренесуваат агенциите.

Тој во своето годишно обраќање на заедничката седница на парламентот рече дека „Франција нема причина да има повеќе проблеми со исламот отколку со која било друга религија“.

Но, како што кажа, „постои радикално, агресивно читање на исламот кое ги доведува во прашање правилата и законите на Франција како слободна држава и општество чии принципи не ги слушаат верските пароли“.

Макрон кажа дека „големо мнозинство“ од француските муслимани ја одобрува секуларноста каде „општеството и државата ги почитуваат верниците, а верниците ги почитуваат општеството и принципите на државата која им припаѓа на сите“.

„Затоа, почнувајќи од есен, ќе ја разјасниме таа ситуација давајќи му на исламот рамки и правила, со гаранции дека секаде ќе биде практикуван во согласност со правилата на Републиката“- вели  тој.

Француските влади со години се трудат да сфатат како да се носат со растечката популарност на крутите и радикални толкувања на исламот во сиромашните предградија со голем удел на жители со емигрантско потекло.

Строгиот француски закон за раздвојување на државата и црквата и непостоењето на хиерархија во сунитскиот ислам на француските власти досега им го отежнуваше наоѓањето соговорник, односно организација која би можела да настапува како исламски верски врв.

Во својот говор Макрон, меѓу другото, кажа и дека вистинската граница на Европа е онаа која ги дели „прогресивните“ од „националистите“ и се трудеше да одговори на критиките дека претседателот им припаѓа на елитите.

Европските избори во 2019 година се од клучна важност, оцени Макрон кој се залага за обнова на европскиот проект во насока на „посуверена, пообединета и подемократска Европа“.

Неговиот 90-минутен говор во многу моменти беше признавање дека од себе отуѓил одреден дел од гласачите, особено со низата реформи кои одат во прилог на бизнис секторот, но истакна дека тие биле неопходни за да заживее економијата и да зајакне Франција.

Можеби ќе ве интересира

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји