Малчески: Син му на Стевче Јакимовски бил вработен во М-НАВ, лично ми потврди тој
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2022
Професорот Самоил Малчески, на својот Фејсбук профил, објави дека синот на градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски се вработил во државната М-НАВ.
Тој прво спомена дека се работи за плата од 100.000 денари, но потоа објави статус во кој пишува дека не се работело за таа сума.
М-Нав е македонската државна компанија што го контролира македонското небо во смисла на воздухопловна навигација, и е позната по тоа што таму се делат највисоките плати во Македонија, во просек од над 3.000 евра.