27 Април, 2024
0.0261

МАЛИ ТАЈНИ НА ЕНТЕРИЕРОТ: Како вашата дневна соба да изгледа луксузна без голем напор!

Објавено во: Стил 24 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Без разлика на буџетот со кој располагате, вашата дневна соба може да изгледа луксузно со овие неколку тајни на експерите за уредување на ентериер...

Ако имате мала дневна соба, а сакате да изгледа поголема се што е неопходно е да ги следите овие неколку совети.

Најдобро од се е што ќе вложите минимална сума пари, а ќе направите големи промени кои ќе го воодушеват секој кој влезе  во вашиот дом.

1. Обојте ги ѕидовите во светли бои

Бела, беж, светлосина... Со светли бои и се останато ќе изгледа почисто, посветло, пошироко, и ќе го подигне ентериерот на вашата дневна соба на повисоко ниво.

2. Украсете ги ѕидовите со слики

Тапети и сликање на ѕидови се целосно непотребни. Купете си слики кои ви се допаѓаат, не е неопходно да бидат скапи. Уште подобро, нацртајте си сами свое мало уметничко дело или направете колаж. Слободно прескокнете го и трошокот за урамување-ставете ја фотографијата во блинд рамка, директно на маса или полица.

3. Променете го осветлувањето

Отстранете ги досадните плафониерки и заменете ги со интересни лустери кои потсетуваат на кристални. Или вградете ниски светла и светилки над сликата. Ваквото осветлување на вашиот стан ќе му даде модерна нота со минимален трошок.

4. Декорирајте ги полиците!

Променете го распоредот на книги и направете места за фигура, корпичка или украсна кутија за накит.

5.Купете повеќе перничиња

Купете неколку перничиња и навлаки во разни бои и дезени и вашата стара гарнитура ќе добие целосно нов изглед. Совет: мешајте и комбинирајте различни принтови и дезени.

6. Купете тепих

Иако можеби не сте нивен обожавател, со оваа инвестиција може да ги поврзете боите и да му додадете текстура на вашиот ентериер.

7. Ставете огледала на ѕидовите

Огледалата ќе направат вашата соба да изгледа поголема, но и ќе допринесат за елегантен изглед на собата. Едно големо или повеќе мали огледала-изборот е само ваш.

8.Поиграјте си со боите и направете контраст!

Префарбајте само едно столче или столица, но изберете нијанса која е надвор од палетата бои кои преовладуваат во вашата соба.

9.Купувајте свежо цвеќе

Со свежо свеќе секој простор станува дом!

10. Ставете завеси

Високите плафони ќе направат секоја соба да изгледа поголема. Сепак, со долги завеси, ќе направите оптичка измама и визуелно ќе ја зголемите вашата дневна соба.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти