Добивај вести на Viber
Повеќе од 20 отсто од малите бизниси во Албанија прекинаа со работа, а 120.000 луѓе ја изгубија работата.
Првиот човек на Здружението на мали бизниси, Алберт Насо вели дека малите и средни бизниси се најпогодени од пандемијата.
„Во Албанија, 95 отсто од деловните субјекти се мали и средни, кои вработуваат од еден до четворица работници, а само пет отсто се големи бизниси со по над 200 вработени. По наредба на Владата поради ковид-19, 91.000 бизниси ги затворија вратите, а само на 6.000 бизниси им беше дозволено да работат. Ние претходно рековме дека бизнисот може да и се спротивстави на кризата само околу 20 дена. а веќе поминаа три месеци“, изјави Насо за Ора њуз телевизија.
Предупреди дека 85 отсто од бизнисите ќе пропаднат ако не се тргне забраната за движење.
Сега газдите ги издаваат своите деловни простории.